По оценка на стручното жири од Србија и регионот, кампањите на оваа агенција се оценети со најмногу поени на националниот фестивал во Србија -Кактус
Агенцијата McCann Белград е прогласена за агенција на годината во Србија на националниот фестивал Kaktus 2019. После големиот успех на регионалните адвертајзинг фестивали BalCannes и Golden Drum, McCann Белград го освои ова престижно признание по четврти пат во последните 5 години.
Во конкуренција на 183 пријавени кампањи, спрема оценката од жирито составено од истакнати маркетинг професионалци од Србија и регионот, агенцијата McCann Белград имаше најголем број на бодови, а наградени се кампањите “Не се откажувам“, fARytale Journey и #StayClean, кои се реализирани во соработка со агенциите UM Белград и Drive.
„Наградата за Агенцијата за годината придонесува за тоа на одличен начин да завршиме една многу предизвикувачка година за нас. Горди сме и на фактот што ова признание го освојуваме по четврти пат во последните пет години и што стручната јавност ја препознава нашата работа во различните категории во кои сме наградени. Оваа награда е признание и за брендовите со кои работиме, нашите соработници и партнери, но и за тимот што бележи успеси на локални и меѓународни фестивали. Задоволни сме што заедно постигнавме одлични резултати “, рече Јелена Јазиќ, директорка на агенцијата McCann Белград.
Кампањата „Не се откажувам“ беше наградена во категориите Print и Cross media интегрирани кампањи. „Чест и задоволство е да се работи на проект како овој, каде што преку’ ’запоставени’ ’медиуми како што е печатот, се постигна голем одек на кампањата, која имаше силно влијание врз сите останати канали и медиуми благодарение, пред сè, на добрата идеја и креативност. Би сакала да има повеќе вакви проекти, каде преку синергија на идеи и добра медиумска поддршка пораката се пренесува на вистински начин“, истакна Ана Ковачевиќ, Account Supervisor во агенцијата UM Белград.
Кампањата #StayClean е наградена во категоријата Дигитална интегрирана кампања. „Од иницијалната идеја, преку бројни презентации, бизарен кастинг и снимање, до лансирање и читање на бројни коментари и мислења на оваа тема, целиот процес беше полн со доверба во потенцијалот на проектот и беше посебно искуство за целиот тим. Горди сме што кампањата #StayClean беше препознаена како една од најдобрите оваа година и на резултатите што ги постигна за многу кратко време“, изјави Владимир Конџуловиќ, копирајтер во агенцијата Drive. “Од самиот почеток, Егзит вложи големи напори во остварувањето на оваа идеја, а признанието на фестивалот Кактус е уште една потврда за одличната соработка на сите што учествуваа во кампањата #StayClean“, додаде Стефан Николиќ, дизајнер во агенцијата Drive.
Кампањата „fARytale Journey“ беше наградена во категоријата Digital – Mobile. „Голема благодарност до клиентот за нивната доверба и храброст, како и на нашите партнери кои помогнаа во реализацијата на проектот ‘fARytale Journey’. Со развојот на хуманата технологија, верувам дека барем донекаде успеавме да помогнеме во социјализацијата и градењето на односите кај децата, а преку процесот на интерактивно учење, збогатен со забавни содржини со вештачка интелигенција, обезбедивме вредни моменти кои децата ги доживуваат заедно со своите родители. Ова признание е уште една потврда дека успеавме во ова“, објасни Здравко Кеврешан, креативен директор во агенцијата Drive.
Немања Остојиќ, копирајтер во агенцијата Drive додава: „Од моментот кога го добивме брифот, па до моментот кога апликацијата се најде на app store, овој проект бараше огромна тимска работа и учење за новите технологии во движење – и сметам дека и двете работи ги направивме на најдобар можен начин. Многу сме горди на кампањата „neXtvARna Adventure“ и можеме со сигурниост да кажеме дека направивме една од најпребирливите и технолошки најнапредни апликации за AR на овие простори“.
Агенцијата McCann Белград работи во рамките на Групацијата I&F, еден од водечките комуникациски системи во Југоисточна Европа и Нордискиот регион. Наградите Кактус се стручни награди кои се доделуваат на компании, институции и агенции за најквалитетни и најпрофесионални индивидуални и интегрирани кампањи во изминатата година. За наградите одлучува стручно жири составено од истакнати професионалци од креативни, ПР и дигитални агенции од Србија и регионот.