Оваа акција која е наречена Team Trees е иницијатива на американскиот јутјубер Џими Доналдсон (MrBeast), кој има 20 милиони претплатници на Youtube и кој поставил цел до 1 јануари 2020 да се насадат до 20 милиони нови стебла ширум светот.
Донациите за Team Trees доаѓаат од Фондацијата Arbor Day, која е најголемата непрофитна организација која веќе 40 години се занимава со засадување на стебла, со цел да се спаси планетата Земја. Нивната мисија е да ги „инспирираат луѓето да садат, негуваат и да ги слават дрвјата.“
Фондацијата Arbor Day ветила дека во склоп на акцијата Team Trees ќе засади по едно стебло за секој долар добиен како донација. Најголеми донатори се Илон Маск, извршниот директор на Тесла, кој донирал милион долари и Тобијас Лутке, извршниот директор на Shopify, кој исто така донирал милион и еден долар.
До сега за оваа акција се собрани 10.233.947 долари.