Мајкрософт одлучи да го освежи логото за прелистувачот Edge и на тој начин да го одвои од наследството на Internet Explorer. Новото лого потсетува на бран, бидејќи симболизира сурфање на интернет и вклучува сличен Fluent Design стил како новите икони на Microsoft Office.
Покрај тоа што личи на бран, новото лого ја претставува и буквата Е, но така што да не потсетува на Internet Explorer, најмногу заради неговиот посовремен дизајн. На тој начин, Мајкрософт се оддалечува од старите традиции и се` повеќе се свртува кон Chromium Edge.
Сега се чека само Мајкрософт да ја објави конечната верзија на прелистувачот Edge Chromium, а бета верзијата се појави уште во август.