Гласините кои се појавуваа претходно, сега и се реализираа: Фејсбук се одлучи за промени во брендирањето
Компанијата претстави ново корпоративно лого и стратегија за брендот, за кои смета дека појасно ќе го одделат Фејсбук како компанија од неговите индивидуални апликации.
„Луѓето би требало да знаат која компанија ги прави апликациите кои ги користат и затоа е донесена оваа промена“, стои во официјалната објава.
За логото нема многу да се каже – се работи само за Фејсбук името напишано со модерен фонт. Сепак, новиот стил теоретски појасно ја означува сопственоста во ситуации кога на производите како Instagram, WhatsApp, Oculus и други, се гледа ознаката „from Facebook“.
Facebook апликацијата ќе го задржи сопственото брендирање и покрај новиот стил. Новиот изглед се очекува да се појави во текот на следните неколку недели.
Покрај визуелната промена Facebook има и нов сајт на компанијата, како и низа други измени во смисла на визуелниот идентитет.