Дојде и тој период од годината – времето на божиќните реклами кога брендовите „наголемо“ ќе нé поттикнуваат да купуваме подароци за нашите сакани. А кој повеќе би се радувал на активно божиќно пазарење од најголемиот светски гигант за е-трговија, Amazon.
Пораката која Amazon ја испраќа во својата нова празнична реклама е дека секој има потреба од љубов. Спотот прикажува семејства, пријатели, колеги и странци од секакво потекло, возраст и сфери на животот како се собираат заедно да пеат и играат со насмеаните и распеани кутии на Amazon на песната „Everybody Needs Somebody to Love“ од легендарниот Соломон Бурк.
Новата интегрирана глобална кампања на Amazon е дело на агенцијата Lucky Generals и ќе вклучува содржини на традиционалните медиуми, како и онлајн, дигитал и out-of-home активности.