Компанијата Ферари има намера да го унапреди своето работење во однос на брендираната опрема, поради што се здружи со италијанската компанија Џорџо Армани со цел да ги продава своите чанти и облека по највисоки цени, пишува Блумберг.
На овај начин, главниот извршен директор на компанијата Луис Камилери, ја остварува долгогодишната цел на поранешниот претседател Серхио Маркин да го претвори Ферари во целосно развиен луксузен бренд.
Новиот правец на Ферари значи дека артиклите, како што се јакните или очилата за сонце, сега ќе имаат премиум цени во согласност со имиџот на спортските автомобили на компанијата, кои што може да чинат по милион долари или повеќе.
„Нашата сегашна понуда е премногу растегната и е во опасност да го уништи нашиот многу вреден капитален бренд“, рече Камилери.
Угледот на Ферари на врвно инженерство би можел, како што пишува Блумберг, да доведе до тоа производите како што се часовници и очила за сонце да бидат логична цел на новата стратегија.
Армани се обиде да го пренасочи својот луксузен имиџ со зголемување на контролата – со купување на лиценца за брза модна под знамето на Armani Exchange – и укинување на линијата на продавници со среден опсег.
Сепак, не се очекува продажбата да се зголеми до следната година.