Креативните награди Epica Awards го објавија потесниот избор на кампањи за овогодинешното издание на фестивалот, кои може да се погледнат на следниот линк. Овие финалисти ќе се најдат пред главното жири кое ќе се состане во Амстердам помеѓу 18-20 ноември.
Добитниците на Grand Prix и златни награди ќе бидат објавени за време на официјалната наградна церемонија која ќе се одржи во Амстердам на 21 ноември, додека пак добитниците на сребрени и бронзени награди ќе бидат објавени на официјалниот веб-сајт на Epica Awards следниот ден.
Жирито на Epica Awards е составено од уредници и искусни новинари од светски водечките медиумски куќи кои ја следат индустријата на креативните комуникации. Нивната работа е поддржана и од страна на онлајн жири на новинари и специјалисти од сферите на пост-продукцијата, виртуелната реалност, дизајнот, модата и луксузните брендови. Целосната листа на жири-членови може да се погледне на официјалниот веб-сајт.
За овогодинешното издание на Epica Awards биле пријавени 3,410 креативни проекти од 61 земја ширум светот. Најголем број на пријави пристигнале од Германија, Франција и САД. Притоа, забележан е и голем пораст на пријвени проекти од Грузија, Узбекистан, Израел, Канада и Кина, а нови земји се Кипар, Луксембург, Ерменија и Малта.
Во однос на агенциски мрежи, најзастапена во однос на поднесени пријави е McCann Worldgroup. Меѓутоа, вредно да се напомене е дека пријавите од независни агенции се во голем пораст и го сочинуваат мнозинството од пријавните креативни кампањи.
Кампањите кои се најдоа во потесниот избор, како и повеќе кампањи кои не се најдоа меѓу финалистите, но сепак се вредни за истакнуавње, ќе бидат дел и од годишната Epica Book, која ќе биде објавена во септември 2020 година.