Насловот на овие вести можеби наведува на погрешен заклучок, но токму така изгледаат новите правила за користење на YouTube. После најавеното ажурирање на условите, сите креатори на содржини се збунети поради поради посебните ставки што им овозможуваат на YouTube да ги избрише нивните канали или налози.
Во делот “Суспензија и прекинување на налогот“ се додава контроверзна ставка: “YouTube може да ви го одземе пристапот до услугите или пристапот од вашиот Google налог, делумно или во целост, доколку според свое уверување YouTube верува дека давањето на услуги не е комерцијално изджливо.“ Според оваа изјава, се чини дека YouTube може само да ви го избрише вашиот YouTube канал или налог доколку не сте комерцијално исплатливи за нивната платформа.
Во суштина, ова значи дека ако YouTube не заработува доволно пари од вас – тогаш може да го избрише вашиот профил.
Тековните правила на користење го немаа овој дел.
Покрај креаторите на содржини, под новите правила потпаѓаат и сите останати корисници на YouTube (секој што има профил).
Ова значи дека лицето кое само гледа голем број на содржини, но не остварува профит за компанијата, исто така може да остане без налог.
.