Грижата кон општеството е се повеќе дел од програмите на големите компании.
Да се грижиш за општеството не значи само придонесување туку и приближување кон потрошувачите како и значително билдање на brand equity (бренд перцепции) кои што се најбитното нешто на секоја компанија која располага со brand portfolio.
Heineken го докажа тоа на еден многу добар начин.
Оваа компанија ги докажа исто своите компетенции во артистичката средина. Благодарение на агенцијата Wieden+Kennedy Amsterdam Heineken реализираше концепт наречен The legendary Posters. За реализација на овој концепт биле поканети 40 артисти кои ја отсликале својата имагинација на бело платно. Сите овие креации биле потоа продадени со аукција и сите собрани средтсва се донирани на асоцијацијата Reporters Sans Frontière. За да тоа биде доста добро изведено снимено е и едно видео кое што можеме да го видеме подолу заедно со дел од постерите: