Фокс Спорт веќе продаде 80% од својот огласен простор за завршницата на Super Bowl по рекордни цени
За 2020 година огласувачите за две реклами во траење од 30 секунди ќе платат по 5,5 милиони долари, а оние кои купат само една реклама од 30 секунди ќе платат 5,6 милиони долари – и двете по рекордни цени.
Потпретседателот за продажба на Фокс Спорт, Сет Винтер, рече дека постојат 25 потенцијални купувачи да ги купат преостанатите 17 реклами и рече дека цената може да се зголеми. Тој истакна дека тие не разговарале за тоа цената да надмине 6 милиони долари.
Цените на рекламите за Супер Боул растат во последните десетина години. На пример, просечната цена на рекламите во 2010 година изнесуваше 3 милиони долари, во 2014 година веќе беше на 4,2 милиони долари, а во 2017 година, за прв пат ја надмина цифрата од 5 милиони долари 30 секунди реклама.