Белгиската ИКЕА, во соработка со DDB Брисел, започна кампања насловена како “Избери Боја“ со која постави десетици шарени билборди и сити лајтови низ сивиот Брисел.
Оддалеку плакатите изгледаат едноставно црвени, жолти или зелени со логото на ИКЕА и слоганот “Избери Боја“, меѓутоа тие прават оптичка илузија и чим се доближите до нив се пркажуваат производи од пролетната колекција на ИКЕА.
Како што велат од компанијата, се надеваат дека оваа кампања ќе ги охрабри жителите на Брисел да внесат повеќе “живост“ и шаренило во своите домови.