GS1 Македонија по трет пат организира отворен ден за бизнис зедницата со атрактивни теми, оваа година поврзани со новите трендови и иновации во областа на транспортот и логистиката.
Темата на настанот е „Со GS1 стандардите за менаџмент во транспортот и логистиката до зголемена конкурентност, бизнис раст и дигитализација“ и истиот ќе се одржи на 28-ми ноември 2019 (четврток), со почеток во 10:00 часот, во хотел Александар Палас (Конгрес сала 2).
Целта е размена на искуства и успешни практики, како и остварување и зацврстување на деловните контакти. Овој настан е од едукативна и информативна природа, се одржува еднаш годишно и на него без надокнада може да присуствуваат сите заинтересерани компании.
Шпедитерите и логистичките компании во светот работат во динамично опкружување кое поставува високи барања за економска, еколошка и социјална одржливост. Дигитализацијата го менува однесувањето на потрошувачите, како и производствените и продажните стратегии на индустријата и трговијата. Како резултат на иновациите во процесите и технологијата, се креираат нови логистички решенија. Истовремено иновациите доведуваат и до прегрупирање на учесниците на пазарот, но и на самите пазари.
Нашите компании заслужуваат да бидат подготвени да одговорат на новите предизвици со цел да го прошират својот пазар, да стекнат нови деловни партнери и потрошувачи како во Републиката така и надвор од нашите граници.
Затоа GS1 Македонија ги поканува сите компании да присуствуваат и да ги слушнат избраните предавачи кои ќе ги изнесат своите искуства во секојдневното работење во областите на транспортот и логистиката, обезбедување на процесот на следливост како неизоставен дел од логистичките процеси, овој пат специфично во фармацевтската индустрија, да понудат софтверски решенија за дигитализација на бизнисот. Ќе бидат презентирани резултатите од бизнис анализата на овие сектори. Искористете ја оваа исклучителна можност која бесплатно Ви ја нуди GS1 Македонија, збогатете го Вашето знаење и бидете информирани за современите текови, задолжителната следливост, техничките решенија и глобалните трендови во транспортот и логистиката и уверете се како може користењето на светските, отворени GS1 стандарди да Ви помогнат во зголемување на ефикасноста, конкурентноста и дигитализацијата на бизнис процесите.
Вашата регистрција за настанот можете да ја направите онлајн, на следниот линк.