На 21-та церемонија на доделувањето на наградите Семплер, со најголем број на поени во конкуренција на 80 пријавени кампањи, кампањата „Не се одрекувам“, на медиската агенција UM Белград освои Гранд Семплер за најдобра медиумска кампања во годината. Покрај оваа најзначајна награда, жирито и` додели награди Златeн Семплер на кампањите „Не се одрекувам“ (за клиент НВО “Да се знае“), во категоријата Иновативна употреба на канали за комуникација и „Бебето избира каде“ (за клиент РОСА), во категоријата Најдобра ПР или стратегија за промоција. И двете кампањи беа спроведени во соработка со агенцијата McCann Белград.
„Фестивалот Семпл е единствениот исклуливо медиски фестивал во регионот и во оваа смисла наградите добиени на овој фестивал се дефинитивно најпрестижните за медиумските агенции. Ова е втор пат UM Белград да добие највисоко признание на овој фестивал. Нашите кампањи се секогаш впечатливи. Кампањата „Не се одрекувам“, преку само еден комуникациски канал – печатените медиуми, доби голем публицитет, но имаше силно влијание врз сите други медиуми благодарение, пред сè, на силната емотивна порака. Од друга страна, кампањата „Бебето избира каде“ успеа да направи голем одек само за еден ден, користејќи стратешки избран комуникациски канал и релевантна содржина. Нашиот успех лежи во заедничката работа на сите наши агенции во системот, како и нашата експертиза во сите области на комуникациските стратегии.
Нашето сеопфатно разбирање за светот на комуникацијата, одличните креативни идеи и желбата да создадеме подобар свет заедно, ги изнедрија овие силни пораки кои се пренесени на вистински начин. Затоа тие се наградени. Им благодарам на сите што го препознаа ова и им благодарам на клиентите, тимовите на UM и McCann кои со своето големо знаење и искуство ги оживееја овие кампањи на вистински начин“, рече Бранислава Цагронов, регионален директор на агенциите UM за Југоисточна Европа.
Кампањата „Не се одрекувам“ освои најголем број бодови од сите пријави во сите категории и стручното жири ја прогласи за најдобра медиска кампања и ја освои престижната награда Grand Sempler.
„Наградите се круна на нашата работа, а конкретно оваа награда за Роса и кампањата„ Бебето избери каде“ навистина ни значи многу од многу причини. Преку сите активности спроведени во текот на кампањата, движењето „Бебето избира каде“ има една навистина важна цел на крајот на денот, а тоа е благосостојбата за бебињата, која се иднината на нашето општество. Навистина ми беше задоволство да работам на проект како овој. Од друга страна, успехот на проектот е резултат на интегрираната работа на тим од врвни професионалци од страната на клиентот, компанијата Кока-Кола, Агенцијата McCann Белград и нас, а оваа награда е дополнителна мотивација и охрабрување за нас да продолжиме да поттикнуваме позитивни промени“, додаде Соња Џуклевски, Регионален акаунт менаџер во UM Белград.