Поминаа 25 години откако Мараја Кери го лансираше својот најголем хит “All I Want for Christmas Is You” („Се што сакам за Божиќ си ти“) и со секоја измината година песната е дел од стандардниот празничен репертоар на музика.
Со цел да се одбележи овој јубилеј од објавувањето на песната, британскиот бренд за чипсови Walkers изгради цел рекламен концепт околу неа, промовирајќи ја својата празнична серија со пет нови вкусови.
Во реклмата гледаме како Кери снима видео-спот за нејзината песна и потоа, напуштајќи го својот имиџ на поп дива, им раздава подароци на снимателската екипа. Меѓутоа, тоа трае за кратко и ситуацијата станува конфликтна кога е во прашање единствениот преостанат подарок кој таа не сака да го даде – чипсот Walkers.
„Не може да биде попразнично од Мараја Кери како ја пее ‘All I Want for Christmas’. Со ова одлично парче на Божиќна приказна сакаме да ја забавуваме нацијата и истовремено да ги претставиме нашите производи со ексклузивни празнични вкусови,“ истакува Вејн Њутон, директор за маркетинг во Walkers.
Кампањата е дело на лондонската агенција AMV BBDO, а централната реклама е режирана од страна на Јозеф Кан, кој има долгогодишно искуство како режисер на видео-спотови за познати поп ивездувачи како Бритни Спирс, Тејлор Свифт и Џенифер Лопез.
Според брендот и агенцијата, рекламата е исто така дел од намерата на Мараја Кери да ја врати песната на првото место на британската музичка листа по прв пат после нејзината премиера во 1994.