Apple не запира да зборува за фото и видео потенцијалот на својот нов iPhone 11 Pro кој беше лансиран во септември. Во новата кампања, брендот се одлучи да го илустрира тоа на дело.
Темата на спотот е вообичаена борба со снежни топки помеѓу деца, но сето тоа изгледа како да е акционен филм достоен за Холивуд.
Целата реклама е снимена со камерата на iPhone 11 Pro од страна на познатиот режисер Дејвид Лич (John Wick, Deadpool 2, Atomic Blonde) и кинематографот Роберт Елсвит кој доби оскар за филмот “There Will Be Blood“, а има работено и на филмови како “Mission: Impossible–Rogue Nation“, “Nightcrawler“ и “Skyscraper“.
Спотот е снимен во 4K со 60 фрејмови во секунда, презентирајќи ги и стабилизирачките алатки кои ги нуди новиот мобилен уред.
Пораката на рекламата е јасна: новиот iPhone го има најпрофесионалниот видеографски квалитет достапен за потрошувачите оваа празнична сезона. Во зависност од преферираните опции, новиот Pro модел има цена од 1,000 до 1,450 американски долари.