Адвертајзинг магазинот Adweek ја прогласи агенциската мрежа McCann Worldgroup за најдобра агенцијата во светот (Global Agency of the year) за 2019 година.
Adweek ја препозна McCann Worldgroup како „една од најдобрите во индустријата кога станува збор за давање цел на брендовите” и оддаде значајно признание на агенцијата за годината во која McCann ги собра некои од најзначајните награди во индустријата, од наградата за агенциска мрежа на годината на фестивалот Cannes Lions, до најкреативно ефективна агенциска мрежа според индексот на Effie, и сé тоа додека активно работи за својот импресивен список на клиенти.“
„Ние сме многу горди што го добивме ова признание кое го препознава ефектот кој нашата креативна работа го има во многу држави, за многу клиенти и дисциплини ширум сите платформи. Сакам да им се заблагодарам на нашите клиенти за нивната волја да вложуваат во маркетингот, како и на нашето стратегиско, креативно и бизнис водство за нивниот континуиран фокус со цел да дојдат до значајни креативни решенија кои ги придвижуваат деловните активности на нашите клиенти напред,“ истакна Харис Дајмонд, претседател и генерален извршен директор на McCann Worldgroup.
Во статијата на Adweek во која се објаснува изборот на McCann Worldgroup, цитирани беа и неколку од нивните клиенти кои ја опишуваат вредноста која агенцијата ја донела во однос на нивните бизниси.
Генералниот маркетинг директор на Microsoft, Крис Капосела, истакна дека: „McCann навистина разбираат кои сакаме да бидеме како компанија и тоа го внесуваат во работата која ја вршат за нас.“ Од друга страна, Диего Скори, генерален маркетинг директор на Verizon, за Adweek изјави дека McCann им помогнале да прераснат „од телекомуникациска компанија во технолошка компанија во текот на изминатите неколку години“, додавајќи дека „тие не само што создаваат уверлива и влијателна работа, тие истовремено се и одличен стратешки партнер кој продолжува да ни помага во движењето на нашиот бренд и бизнис напред.“