Кајгана Медиа вработува специјалист за дигитален маркетинг:
Вистинската личност за ова работно место – живее, диши и јаде на социјалните мрежи како Facebook, Twitter и Instagram. Специјалистот за дигитален маркетинг ќе биде одговорен за дигиталните активности на дел од нашите клиенти кои веќе имаат силно присуство на дигиталните мрежи.
Работни обврски и одговорности:
– Креирање на годишни стратегии за дигитални комуникации и нивна реализација
– Креирање на дигитални кампањи
– Креирање на неделни комуникациски планови и дигитална содржина
– Менаџирање со онлајн заедници на социјални мрежи
– Менаџирање, мониторинг, анализа и мерење на перформанси на активностите реализирани преку комуникациските канали
– Креирање извештаи
Квалификации:
– Завршено високо образование
– Одлични комуникациски и аналитички способности
Доколку си подготвен да помогнеш нашите клиенти да добијат најмногу од тоа што го создаваме и да учествуваш во возбудата која ја креираме, тогаш би сакале да те видиме. Те молиме да ни испратиш:
– Твоето резиме
– Релевантни дипломи, сертификати и писмо со препораки
на contact@kajgana.com
Огласот е отворен до 10.05.2014 година.
За Кајгана Медиа
Основана од пионерите на онлајн медиумите и дигиталниот маркетинг во Македонија, Кајгана Медиа е водечка компанија за дигитален маркетинг и онлајн медиуми на македонскиот пазар. Нашиот пристап и организациската култура се водат од принципите на секоја успешна дигитална стратегија: искреност, отвореност и посветеност. Нашето широко портфолио на услуги покрива развој на дигитални стратегии, креативни решенија за дигитални кампањи, менаџирање со заедници на социјални мрежи, мониторинг на социјални мрежи, консалтинг, развој на веб и мобилни апликации, креирање содржини, фото и видео продукција.
Извор: Кајгана