YouTube го објави „YouTube Rewind“, микс кој ги спојува најпопуларните вирални видеа од 2019 година во едно
Овогодинешниот „YouTube Rewind“ традиционално е објавен на почетокот на декември, а на самиот почеток на видеото, YouTube се осврна на промашувањето кое претходната година ги чинеше титула – видео со најмногу “дислајкови“ во историјата на оваа платформа.
„Минатата година, направивме нешто што не ви се допадна“, порачуваат и најавуваат видео направено од она што проверено им се допаѓа на гледачите. Така, на крајот добивме пет-минутен колаж од најинтересните, најквалитетните, највиралните и најомилените моменти од годината што измина- мерено единствено според бројот на лајкови од корисниците.
Има сè, од видеа од популарни јутјубери со разна тематика, преку најпопуларните музички видео спотови, најдобрите нови автори, до видео записи од игри и видеа за шминкање. Севкупно, околу 100-тина креатори индиректно учествувале во креирањето на годишниот преглед на YouTube, кој вклучува топ листи во различни категории.