Супер говорници доаѓаат на последното издание на Бизнис Кафе Македонија за оваа 2019 година кое ќе се одржи во четврток (12.12.2019) од 18:00 часот во Кафе Umbrella (ГТЦ) во Скопје.
Предновогодишното Бизнис Кафе ќе го “пиеме” заедно со тројца врвни професионалци во својата работа кои ќе ни ја раскажат нивната бизнис приказна, нивните предизвици и искушенија и формули како успеале да станат исклучително успешни и препознатливи во она што го работат.
Гости говорници на настанот ќе бидат: Кристина Арнаудова – претседател и основач на здружението за хумано-општествен развој ПРОЕКТ СРЕЌА, Никола Спасов – директор на агенција РЕЈТИНГ и Филип Димитровски – ко основач и извршен директор на Тиго Финансии.
Повелете на уште едно неформално и опуштено Кафе во кое ќе запознаете нови луѓе и ќе слушнете за нови искуства и бизнис идеи, да се дружиме и да си посакаме Среќна Нова Година!
Резервација на Вашето место за 36-тото Бизнис Кафе, можете да си направите со картите кои по цена од 300 ден.ќе можете да ги купите на следниве начини:
– На фактура, пратете маил на: mkbizniskafe@gmail.com или
– Директно на трансакциска сметка: 210 – 067036660110 (назив на примач: Актива Вел ДООЕЛ – Скопје, НЛБ Банка, цел на дознака: Учество на бизнис настан).