Замислете какво наследство треба да изгради некој производ за да биде препознатлив само по својата силуета. Популарната „буба“ на Фолксваген навистина може да се пофали со своето 80-годишно наследство и иконичен изглед, но како што оди поговорката „сите добри работи мора некогаш да завршат“, германскиот автомобилски бренд го прекинува производството на класичната „буба“.
Со цел да му оддаде последна почит на ветеранскиот автомобил, Фолксваген се здружи со креативнта агенција DDB New Zealand за да создадат кампања во која е нагласен токму безвременскиот дизајн по кој овој автомобил стана препознатлив.
Кампањата „The Last Beetle“ („Последната буба“) вклучува серија принт и дигитални реклами во кои „бубата“ е буквално исечена од сите реклами, оставајќи само празнина на една препознатлива силуета.
„Бубата била фокусна точка на многу одлични креативни дела низ годините кои станаа познати како и самиот производ. За нас е многу важно да оддадеме почит на овој автомобил и сета креативност која го опкружуваше толку многу години,“ истакнува креативниот директор на DDB New Zeeland, Рори МекКечни, по повод лансирањето на кампањата.