Краш и агенцијата Saatchi&Saatchi Хрватска ја претставија рачно изработената празнична приказна
Овие денови Краш и креативната агенција Saatchi & Saatchi Хрватска ги оживееја познатите Краш производи во новата празнична кампања.
Специјалната едиција на Краш чоколадите послужи како инспирација за рачно креирана празнична приказна која ја потенцира креативната илустрација. Бидејќи креативноста на Краш никогаш не завршува, направени се специјални нови пакувања кои можат да се купат само за време на зимските празници.
Сите решенија за комуникација се прилагодени на социјалните мрежи, а носечки канал на кампањата е краток анимиран филм кој ги оживува легендарните производи на Краш.