Компанијата „Мајкрософт“ планира модернизиција на својот софтвер, па затоа одлучи да го редизајнира Windows логото и иконите на апликацијата, да изгледаат почисти и поедноставни, но редизајнот не е целосен и ќе продолжи до 2020 година. Како Ви се чини?
Мајкрософт го редизајнираше своето Windows лого и иконите во составот на апликацијата. Прво, редизајнирани се икони на Office пакетот, а сега уште дополнителни 100 икони. Овој потег е во согласност со намерата на Мајкрософт да го модернизира својот софтвер и своите услуги. Џон Фридман од Мајкрософт вели дека тие се соочиле со „два предизвици за време на новиот бран на редизајнирање“. Еден предизвик беше како да се воведат иновации во дизајнот, а да се задржи препознатливоста за корисниците. Вториот предизвик беше како да се развие доволно флексибилен и отворен дизајн кој може да ги задоволи сите потреби и притоа да се остане доследен на досегашниот дизајн на Microsoft.
Повеќето икони не се целосно изменети, туку постојниот дизајн е редефиниран, модернизиран и прочистен. Windows 10 има многу икони, во поставки и апликации, кои не се воедначени, додека некои икони биле исти со децении.
Постојното лого на Windows, користено и во Windows 8 и во Windows 10, има еднодимензионална боја, додека новото лого има мал градиент. Редизајнот е процес кој сè уште трае и ќе трае до 2020 година, така што можеме да очекуваме уште промени.