На традиционалното доделување на UEPS признанијата во конкуренција од вкупно 220 пријавени кампањи, дури 18 признанија освои Агенцијата McCann Белград, која беше прогласена за Агенција на годината во 2019 година. Наградените проекти беа реализирани за клиентите Кока-Кола, НВО – Да се знае, Мастеркард, Фондацијата Егзит, Delhaize Србија и mts, а во соработка со агенциите Drive и UM Белград.
„Многу сме горди на успехот што го постигнавме на UEPS и на најдобар можен начин заокруживме една одлична година за нас. Покрај одличните деловни резултати, ги освоивме сите релевантни национални и регионални адвертајзинг фестивали и постигнавме извонреден успех на интернационалните. Заедно со нашите клиенти, создадовме кампањи кои постигнаа резултати и оставија белег во општеството. Би сакала да им се заблагодарам на сите наши клиенти за довербата што ни ја доверија низ годините и на храбрите одлуки кои придонесуваат за нашиот заеднички успех. Особено сум горда на мојот тим, на посветеноста и енергијата што ја вложуваат во сè што правиме. Зад нас е една фантастична година која е резултат на заедничко работење и која дополнително нè инспирира да продолжиме да бидеме уште подобри. Среќна Нова Година на сите наши партнери и соработници, мојот тим и нивните семејства. Многу смеа, добра енергија и уште подобри деловни резултати“, порача Јелена Јазиќ, директорка на агенцијата McCann Белград.
Кампањите “Бебето бира каде”, “#StayClean”, “fARytale journey”, “Срце на хејт”, “Фала моркови”, “Заедно за дом кој го заслужува секој суперхерој” и “BOX – најдоброто од најдобрите” освоија вкупно 13 признанија, а кампањата “Не се одрекувам” освои дури 5 признанија, меѓу кои и специјалното признание Дарган Сакан New Idea.
Данка Трбојевиќ, директорка на агенцијата Drive која учествуваше во реазлизација на наградуваните кампањи, додаде: „Многу сум горда на заедничкиот успех што го постигнавме во соработка со агенцијата McCann Белград. Оваа година беше многу возбудлива, динамична и исклучително успешна за нас. Тим од одлични професионалци работеше на кампањите и во ова предизвикувачко патување важно е секој член на тимот да има простор за иницијатива, креативност и со самото тоа, целосна сатисфакција за сработеното. Агенцијата Drive е стратешки партнер на своите клиенти и мислам дека го докажавме тоа преку нашата напорна работа, труд и постигнат успех“.
Агенцијата McCann Белград во текот на 2019 година е прогласена за Агенција на годината и на националниот фестивал Кактус, како и на регионалниот натпревар на креативноста BalCannes, а голем успех оствари и на регионалниот фестивал Golden Drum.
UEPS признанија за McCann Белград:
- Бебето бира каде (The Coca-Cola Company, Rosa)
- Злато, Промотивна интегрирана кампања – Пијалоци
- Сребро, Brand PR
- Бронза, Креативна употреба на медиумите
- #StayClean (Фондација Exit)
- Сребро, Промотивна интегрирана кампања – Култура и едукација
- Сребро, Онлајн маркетинг кампања
- Сребро, Признание за сајт
- Бронза, OOH кампања
- Заедно за дом кој го заслужува секој суперхерој (Mastercard)
- Сребро, Промотивна интегрирана кампања – Финансиски сектор и услуги
- Не се одрекувам (HBO Да се знае)
- Злато, Општествено одговорна кампања – Непрофитен сектор
- Злато, Креативна употреба на медиуми
- Злато, Принт
- Злато, Директен маркетинг
- Признание Драган Сакан New Idea
- Срце на хејт (The Coca-Cola Company)
- Сребро, Присуство на социјални мрежи
- fARitale journey (The Coca-Cola Company, neXt Buci Buci)
- Злато, Интернет елемент и апликација
- Злато, Mobile
- Фала моркови (Delhaize Србија)
- Сребро, Print
- BOX – најдоброто од најдобрите (mts, Телеком Србија)
- Најдобра продукција
- Агенција на годината