Телевизиската реклама „ Always Coca Cola“, позната како “Northern Lights“, дебитираше во февруари 1993 година за време на преносот на церемонијата на доделувањето на Оскарите и веднаш стана хит меѓу фановите ширум светот, кои беа привлечени од едноставната, автентична приказна и нешто што тогаш беше пред своето време – компјутерска анимација која направи поларни мечки да изгледаат реално.
Кен Стјуарт ги откри деталите за создавање на една од најпрепознатливите реклами на Кока Кола на сите времиња. Тогашниот постар потпретседател и директор за креативно рекламирање во Columbia Pictures доби „директива“ дека Кока Кола сака да проба нешто поразлично, а првото нешто кое го направи е тоа што ги погледна рекламите во последните 15-20 години.
„Поминав низ нив, во потрага на тоа која ќе биде мојата мисија. Онаа која секогаш се издвојуваше за мене, како и за многу луѓе, беше рекламата “Mean Joe Greene“. Таа имаше такво срце и топлина и беше толку едноставна, но моќна приказна. Сакав да ја вратам таа емоција во реклама за Кока Кола и мислев дека Кока Кола мора да се врати на емотивната страна “.
Сепак, Стјуарт не дојде до таа идеја преку ноќ, идејата е резултат на многу размислувања како тоа да се направи на сосема нов начин.
Инспирацијата влезе сама на четири нозе, додека Кен Стјуарт седеше во својата канцеларија во Лос Анџелес, размислувајќи за идеите кои посакувал да станат следната голема реклама на Кока Кола. Неговиот верен лабрадор Морган му ја даде креативната искра што ја бараше.
„Мозокот започна да работи брзо“, се присети Стјуарт на 1992 година.
„Секогаш мислев дека Морган изгледа како поларна мечка … Порано го нарекував кученце поларна мечка или бебе поларна мечка. Затоа, помислив:„ Леле, поларна мечка. Ладна Кока Кола, освежување. Одлично! Морам да ги поврзам поларните мечки на некој начин. “
А остатокот, како што велат, е историја.
„Кучето Морган конечно ми ја даде потребната инспирација. Морам да му дадам признание. Погледнав во него и си реков себеси: „Ако би можел да создадам чувство што го имам за тоа куче во оваа реклама, тоа би било новиот Mean Joe Greene“.
Следното нешто што Стјуарт помисли беше што мечките можат да прават во рекламата. „Кога пијам Кока Кола, обично гледам филм во кино. Па, што би направиле поларните мечки за тоа да би било слично искуство? Помислив: „А, да, тие би се дружеле во група во Арктикот гледајќи ја поларната светлина и пиејќи Кока Кола“.
Чувствував дека ова е нешто навистина револуционерно.
Откако ги добивме првите скици на идејата, скулпторот, врз основа на Морган, создаде 3D глинен модел на главата, кој беше дигитализиран и ставен во напреден компјутерски графички софтвер. Кучето мораше внимателно да се фотографира во студиото за да може ласерот прецизно да ја внесе секоја точка за да може да се анимира.
„Не сакав премногу да ги дефинирам мечките, поради што нема дијалог на лице место. Тоа би звучело како разговори од главите на луѓето. Не би била нивна сопствена фантазија. Ова е патување во мистичниот свет. За мене, Кока Кола беше чувство повеќе од производ. Кока Кола имаше одредена митологија. Сакав да продолжам со нарацијата што ја поддржува таа митска, магична смисла“, се сеќава Стјуарт.
Беа потребни четири месеци за 16 луѓе кои работеа прилично долго време да создадат 30 секунди. Но, да не заборавиме дека зборуваме за крајот на 1992 и почетокот на 1993 година, кога интернетот сè уште не беше целосно функционален. Во тоа време, немаше достапни алатки кои денес овозможуваат секој на домашен компјутер да направи филм. Rhythm & Hues направија револуционерна работа за да ги оживеат мечките.
„Сè беше сведено на минимум. Гледачите не чувствуваа дека се манипулирани. Тие се чувствуваа како да имаат вистинско, човечко искуство коешто ги поврзуваше со колекцијата. Доколку тоа повторно би го работел, би го направил на ист начин“, додава Кен Стјуарт, истакнувајќи дека тој сè уште мисли дека помалку е повеќе.
Анимираните поларни мечки дебитираа во 1993 година како дел од кампањата “Always Coca-Cola”.
„Избрав да нема човечки гласови, само звучни ефекти. Во ’93 година, тоа не беше нешто на што бевме навикнати во рекламите. Рекламите беа звучни од првата до последната секунда, со херојски снимки на почетокот, средината и крајот. Тоа не беше тоа. Се обидовме да направиме нешто поразлично тука и со минимална количина на звук“.
Отпрвин ги слушате мечките и одењето по снегот, но не знаете какви звуци се, мора да ги идентификувате. Кога сфаќате дека е поларна мечка, тоа ве воведува директно во мистичниот свет. Оригиналниот глас на мечката е токму Стјуарт, а тоа се случило сосема случајно додека екипата се обидувала да ги пренесе емоциите после пиење на Кока Кола.
Првите реакции на рекламата со поларните мечка беа ентузијастички. На прес-конференцијата, новинарите дури и аплаудираа, а веста за револуционерната реклама беше на насловната страница на Њујорк Тајмс. И перцепцијата на јавноста беше иста.