Со цел да покажат дека употребата на хартијата за завиткување на подароци може да се намали за време на празниците, Хрватскиот Фонд за животна средина и енергетска ефикасност и агенцијата Имаго Огилви креираа интересна кампања за да помогнат во промена на навиките на дарување.
Во ова време на годината кое е време на празници, забави и прослави, количината на отпад се зголемува и до 30%. Ова главно се должи на дополнителната хартија за пакување и завиткување, што во голема мера не може да се рециклира поради нејзиниот состав. За таа цел, хрватскиот Фонд за животна средина и енергетска ефикасност заедно со агенцијата Имаго Огилви креираа кампања за да помогнат во промена на навиките на дарување.
Базирана на стратегијата дека подарокот како знак на внимание е поважен од тоа како е завиткан, кампањата, со мал буџет требаше да достигне до што е можно повеќе жители на Хрватска и да покаже како со малку труд може да се ослободиме од хартијата.
За таа цел во поголемите градови во Хрватска се поставени неколку билборди, но билбордите се посебни по тоа што не се напишани на хартија. Пораката за кампањата е напишана директно на оголената основа на билбордот. Веста за билбордите без хартија и самата кампања ја пренесоа националните и регионалните медиуми, споделувајќи го примерот како овие празници можеме да покажеме дека им посакуваме се` најдобро на најблиските и на природата.