Првата група учесници на Лондонската школа за односи со јавноста во Скопје, по успешно завршената петнеделна програма, ги доби меѓународно лиценцираните сертификати препознатливи за регрутерите и HR специјалистите во светот.
Лондонската школа за односи со јавноста (ЛСПР) е позната по квалитетните и уникатни образовни програми и техники. Модулите се конципирани да овозможат специјализација во доменот на односи со јавност, управување со угледот, управување со криза и кризно комуницирање; да изградат вештини за брендирање и маркетинг, како и успешно надградување на знаењата во доменот на социјалните медиуми, дигиталниот маркетинг и ПР во време на дигитална револуција. Наставата е интерактивна, учесниците добиваат задачи да реагираат и да се однесуваат како ПР менаџер на конкретна компанија во хипотетичка ситуација. Со доаѓањето на Represent Communications во Скопје, дојде и Лондонската школа за односи со јавноста.
“Како организатори навистина сме задоволни што и компаниите и поединците ги препознаа вредностите на ЛСПР. Имавме модули кои овозможија интензивно учење првенствено преку практични работилници и задачи. Предавачи беа врвни професионалци, почнувајќи од Џон Далтон, Директор и основач на Лондонската школа за односи со јавност од Велика Британија; М-р Јелена Трниниќ, Директор за односи со јавност и комуникации во The Coca Cola Company, Србија; Др. Борислав Миљановиќ, Директор и основач на Represent System, Србија; M-р Верче Георгиевска-Рупиќ, ПР експерт, Македонски Телеком, Македонија, Снежана Лупевска Созен, Огнен Јанески и други. Ја постигнавме целта да понудиме нешто квалитетно и вреднувано во светски рамки што ќе придонесе за унапредување на целата ПР и адвертајзинг индустрија во Македонија,“ – вели Наташа Божиновска Миркова, Директорка на Represent Communications Македонија.
Меѓу учесниците има луѓе со долгогодишнао искуство во комуниакциите но и луѓе кои од позиција на сопственици на компании сакаат да го надградат своето знаење за поуспешно да го раководат својот бизнис.
Според Катерина Јордановска Манева од Кроациа, постојано инвестирање во себе е важно како за поединецот така и за компанијата во која работи. „Kонстантното учење не прави поподготвени за секоја ситуација и предизвик на кои наидуваме во секојдневното работење.“
“Од позиција на новинар кој сега е дел од ПР тимот на МЕПСО, ја препознав Лондонската школа за односи за јавноста како можност да ја променам перспективата, ако претходно ги гледав нештата како новинар сега ми е важно да ја согледам и позицијата на вработените во ПР секторот на компаниите кои се обраќаат до новинарите за да ја пренесат нивната порака,“ – вели Виолета Зајкова.
Следната Лондонска школа за односи во јавноста во Скопје е планирана за пролетта 2020г, а пријавувањето започнува веднаш по новогодишните празници.