Затворено е пријавувањето за третото издание на натпреварувањето Идеја Х, студентско натпреварување кое се одржува во рамките на фестивалот Денови на комуникациите – централниот фестивал за маркетинг комуникации во Хрватска. Задача на овогодинешното натпреварување беше осмислување иновативни и невообичаени маркетинг стратегии за совршена телеком понуда насочена кон студентите за клиентот VIPnet д.о.о., а за натпреварувањето пристигнаа дури 38 трудови од студенти од 30 студии од цела Хрватска.
Победниците на натпреварувањето ќе бидат прогласени на Деновите на комуникациите, кои ќе се одржат од 15 до 18 мај, во хотелот Lone во Ровињ. Победничкиот тим или лицето чиј труд ќе биде прогласен за најдобар, Vipnet ќе го награди со најновиот таблет Vipme Lenovo IdeaTab A5500. Освен тоа, сите студенти и членови на тимовите, кои ги пријавија своите трудови, ќе добијат бесплатна котизација за соработување на фестивалот, а на сите финалисти на натпреварувањето ќе им биде обезбедено и сместување за време на траењето на Деновите на комуникациите.
По повод затворањето на пријавите, претседателката на жирито Галиќ, раководител на одделот за маркетинг комуникации на Vipnet, изјави: ” Освен тоа што оваа година примивме најголем број на пријави, тие по својот квалитет одскокнуваат од оние што ги добивме претходната година. Тоа зборува за тоа колку сериозно го сваќаат натпреварувањето и прилика да ги покажат своите креативни можности на практични и реални примери. Сега нас не чека голема работа-изборот на најдобрите студентски трудови, а потоа и одлично дружење во Ровињ“.
Натпреварувањето Идеја Х е заеднички организирано од HURA и IAB Хрватска, а подржано е и од најважните образовни институции во земјата од областа на маркртингот, како што се Економски факултет, RIT, Студии за дизајн, Загребска школа за економија и менаџмент, VERN, WantAd School, Агора и други.