Пред неколку дена ја објавивме веста за финалистите на овогодинешните SABRE награди за земјите од Европа, Блискиот исток и Африка, кои претставуваат најголемо натпреварување во ПР индустријата и кои ги доделува The Holmes Report, водечката светска независна организација за истражувања во индустријата за комуникации и ПР.
Денеска имаме можност да Ве информираме за изборот на најдобрите во одделни земји и региони.
За најдобра Источно-Европска агенција е прогласена Chapter4.
Тодор Стојчевски, извршниот директор на Chapter4 во Македонија, по повод добивањето на оваа престижна награда, за M365, изјави: “Среќни сме што Chapter4 PR ја освои престижната SABRE награда во категоријата за најдобра ПР агенција во регионот (Eastern European Consultancy of the Year). Самиот избор во финалето меѓу најдобрите пет, пред некој ден, не изненади позитивно, бидејќи ние сеуште сме млада мрежа, иако прилично динамична и со брз раст.
SABRE наградите оваа година се доделуваат по јубилеен десети пат и самиот собир претставува смотра на најдобрите проекти во односите со јавноста и професионалните организации. Жирито го сочинуваат меѓународни стручњаци, а за угледот на наградата, покрај традицијата, најдобро зборува и фактот дека за ова признание секоја година се пријавуваат повеќе од 4000 проекти од различни континенти.
Можам да кажам дека сите ние во Chapter 4 PR мрежата сме многу горди на тимот, резултатите и секако нашите клиенти, и сме особено среќни што докажавме дека добриот глас навистина се слуша надалеку “
Chapter4 е создадена во 2010 година и за многу брзо се промовираше како еден од водечките играчи во регионот на Европа. Главното седиште на мрежата е во Виена, Австрија а со свои канцеларии е присутна и во Македонија, Унгарија, Србија, БиХ, Романија и Бугарија.
Главните клиенти на мрежата се : HP, Ericsson, Schneider Electric, SAP, Dr. Oetker, Reed Exhibitions, WWF, Siemens, Swiss International Air Lines,Samsung, Gedeon Richter, McDonald’s, Unilever, PepsiCo, L’Oreal и Bosch.
Останати финалисти во конкуренцијата за најдобра Источно-Европска агенција беа и Ewing, Grayling, MSLGroup, 24/7
За најдобра консултантска компанија од земјите на Бенелукс е прогласена : Edelman ;
За најдобра консултантска компанија од земјите со германско говорно подрачје е прогласена : FischerAppelt ;
Најдобра овогодинешна француска консултантска компанија е : Agence Elan;
Најрепрезентативен претставник од иберискиот полуостров за годинава е : Llorente & Cuenca додека од медитеранот : Barabino & Partners;
За најдобра нордиска ПР мрежа е прогласена: Hill+Knowlton Strategies;
За најдобра Руска комуникациска компанија : SPN Communications;
За најдобра Турска: Bersay ;
и за Најдобра комуникациска консултантска компанија од Обединетото кралство е прогласена : GolinHarris
Повеќе информации на: Holmes Report EMEA Winners