Интересна реклама продуцирале од агенцијата Joint од Лондон за ланецот кино сали Vue.
Како тема го зеле предизвикот да си обезбедиме релакс за себеси во времиња кога стресот е секаде околу нас и навистина модерниот динамичен живот повеќе се доживува како напор отколку како уживање.
Нараторот ни соопштува дека “приказните” може да бидат емитувани кон целиот свет од дланката на нашите рацe, па во спотот гледаме луѓе кои се “навигирани” од своите телефони, таблети и ТВ уреди. Многу брзо станува јасна и пораката на оваа реклама – не се во прашање само приказните и силата на приказните, туку и импактот кој го има нивното гледање на големото платно.
“Никогаш не било поважно да се најде време за “да се исклучиме” од зголемените дистракции на модерниот свет – и да “се изгубиме” во добра приказна”