Натпреварувањето кое на младите домашни креативци им нуди прилика да станат најдобри во Хрватска, а потоа и најдобри во светот, оваа година го претставува Young Lions School – целодневна програма на едукација со врвни ментори од Cannes
(РЕГИОН) – Комплетно одвоени од нивните колеги, изолирани од советите на менторите и соработниците и дополнителните инпути од клиентите, натпреварувачките тимови составени од перспективни млади професионалци до 30-годишна возраст ќе се борат за титулата најдобри во Хрватска и вредна награда за учество на најголемото светско натпреварување на креативност во Cannes Lions, каде што ќе имаат можност да станат и најдобри во светот.
Организаторите ќе ги донесат младите натпреварувачи и во Ровињ, каде за прв пат ќе биде претставен Young Lions School – целодневна програма на работилници, предавања и менторство со врвни светски експерти, кои ќе бидат достапни само за натправарувачите на Young Lions. Оваа нова програма ќе се одржи во рамките на претстојниот фестивал Денови на комуникација, а ќе им овозможи на најталентираните млади поединци да споделат знаење и да се подобрат за понатамошно усовршување на своите вештини и да станат уште поконкурентни.
Пријавите се отворени, а тимовите можат да се натпреваруваат во пет категории: Дизајн, Дигитал, Медиа, Принт и ПР, во зависност од специјализацијата и стручноста на самите конкуренти. Натпреварувањето ќе трае 24 часа, ќе се одржи во Загреб на 20 март, а победниците ќе бидат објавени на 4 април на церемонијата на доделување награди на фестивалот Денови на комуникација.
„Не пропуштајте ниту секунда, направете го тоа! Натпреварувањето во Загреб ќе ви донесе ново и различно искуство, но и нови познанства и дружење со колегите. А, оние кои ќе воодушеват со нивниот проект и ќе го освојат жирито, ги чека прилика за цел живот. Cannes е навистина нешто што засекогаш ќе го паметите!“, порачуваат победниците на Young Lions Croatia 2019, Ана Тавиќ и Мартина Укиќ од агенцијата Студио Сонда.
Покрај посетата на Cannes, дополнително задоволство на тимовите им дава и хуманитарниот карактер на натпреварувањето – креираните креативни решенија без надоместок се отстапуваат на напрофитна организација. На позитивната локална промена на натпреварувањето укажува и фактот дека станува збор за домашен клиент.
Долгогодишни партнери на натпреварувањето Young Lions Croatia се Shutterstock и Загребачки иновациски центар (ZICER), а тимовите можат да се пријават до 2 март преку формулар кој е достапен на следниот линк .