Европската унија промовираше нови правила за заштита на потрошувачите, усвоени како Директива во Европскиот парламент и тие меѓу другото ќе обезбедат поголема транспарентност на интернет пазарот. Појасно ќе биде кој ги продава производите, трговец или приватно лице, а испраќањето лажни потрошувачки рецензии или препораки ќе бидат забранети.
Клучни аспекти на кои се осврнува новата директива се следните:
- Зголемена транспарентност на онлајн пазарот и онлајн продавачот
- Исти потрошувачки права за услуги кои се “бесплатни”. Точни информации што купувачот “плаќа” и клучни елементи на тој договор (времетраење, начини за раскинување и сл.).
- Транспатентност на критериумите по кои се рангираат специфични услуги.
- Забрана за лажни review-а или фалења на онлајн производите и услугите.
- Укажување како некоја цена е формирана, приказ дали е поради алгоритам кој ги следел претходните купувања и историјата на купувачот.
- Забрана за препродажба на билети купени со ботови.
- Транспарентност на намалувањата и попустите со споредба со оригиналната цена.
- Зголемени права за заштита и компензација од штетите предизвикани со нефер комерцијалните практики.
- Поефикасни казни за прекугранични прекршувања.
- Справување со двоен квалитет на производите за широка потрошувачка.
- Дополнителни заштити и права во однос на “продажбата на врата” или “комерцијалните екскурзии”
Целиот factsheet на директивата може да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.