Wow! Ова беше нашата прва реакција кога ги видовме извештаите од уште еден ден од CES 2020 настанот во Лас Вегас на кој се презентираат најновите технолошки изуми од најголемите компании во светот.
Пред некој ден пишувавме за концептот Мерцедес Аватар и тоа беше нешто навистина кул, но она што нам посебно може да не воодушеви е нормално дека мора да има директен импакт на адвертајзинг индустријата. И еве го изумот кој може да го промени надворешното огласување засекогаш, дојде како заеднички проект на стартап на авиокомпанија и технолошката компанија од Редмонд, Misapplied Sciences, кои претставија ЕДИНСТВЕН ЕКРАН КОЈ ПОКАЖУВА РАЗЛИЧНИ (персонализирани) ПОРАКИ ЗА ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ВО ИСТО ВРЕМЕ.
Не е можно?
Можно е. Технологијава се вика “паралелна реалност” и не, не се однесува на различните светови во кои живееме со политичарите, туку функционира баш онака како што си претпоставувате.
Дигиталниот екран користи т.н. магични пиксели (Читај тука) кои прикажуваат различна “слика” во зависност од аголот од кој се гледаат. Дисплејот им овозможува на многу различни луѓе да гледаат сосема поинаква содржина на истиот екран, истовремено. Кога се комбинираат со технологија за локација и сензори, слични на оние веќе вградени во смартфоните, оваа содржина може да биде персонализирана во реално време од јавни дисплеи до специфични локации, луѓе и предмети, кои во суштина ќе не следат во тродимензионален простор додека се движиме низ светот.
На CES 2020 ова го демонстрираа од компанијата Delta Air Lines кои направиле бета на Детроит Метрополитен Аеродромот, на тој начин што прикажувале персонзалирани информации за различни посетители на аеродромот на кои им прикажувале информации од нивен интерес со персирање и нивното име на главниот инфо дисплеј секогаш кога посетителите ќе погледнеле накај дисплејот.
Секој посетител на аеродромот кога скенира персоналзиран boarding билет се “фаќа” со надзорна камера. Тоа овозможува “субјектот” да биде идентификуван и следен како се движи во просторот, па така екранот секогаш знае кој е и што го интересира тој субјект, па знае каква порака да му сервира кога ќе погледне во дисплејот.
Технологијава на “магични пиксели” (читај повеќе за неа тука) за разлика од традиционалните пиксели (каде секој пиксел емитира само една боја на светлина во сите правци) може да испрати различни бои на светлина во десетици илјади, па дури и милиони правци. Тоа овозможува кога ќе се “таргетира” определена личност – таа да добие персонализирана порака секогаш кога ќе погледне во дисплејот.
Оваа технологија може да направи сериозен импакт во надворешното огласување и можностите како да се валоризира може да бидат небројни. Поврзете тука смартфони, смарт часовници и други уреди кои ги носиме со нас – поврзете ги во еден систем за идентификување (плус ФБ технологијата за идентификување на лица) и добивате совршен еко систем кој точно ќе знае каква порака да пласира пред кој таргет на дисплејот на билборди, скринови и останати методи за надворешно огласување. Јако.