Логото на компанијата е клучна точка за дефинирање и препознавање на еден бренд, така што дизајнот на логото е процес кој секогаш се планира и развива во фази. Различни слики, форми, фонтови и бои се користат и комбинираат многу внимателно, во зависност од областа во која се развива компанијата. Логото е личен печат на секој бренд, начин на комуникација и можеби најважниот маркетинг адут, бидејќи е уникатно и препознатливо.
Она што е интересно за многу од најпопуларните логоа е тоа што тие не се фокусираат на еден ист елемент за да генерираат популарност на брендот. На пример, “Мекдоналдс“ користи боја и форма, „Епл“ се потпира на сликата, а логото на „Кока кола“ се фокусира на фонтот. Компаниите кои се занимаваат со ИТ или други современи технологии најчесто ја користат сината боја, прехранбената индустрија се ориентира кон црвена боја, итн…
Во продолжение погледнете како еволуирале логоата на некои од најпознатите светски брендиови:
- Apple
Првото лого на Apple кое е дизајнирано во 1976 година од страна на Рон Вејн, е слика на Исак Њутн како седи под легендарната јаболкница. Набрзо ова лого било заменето од дизајнерот Роб Јаноф со „јаболково виножито“, сега веќе добро познатата силуета на загризано јаболко со бои од виножито, а било дизајнирано со гризнато јаболко за да не се помеша со цреша. Поедноставувањето продолжува до едноставната црна силуета на јаболкото сè додека не се достигне модерното еднобојно лого.
- BMW
Сите ние го препознаваме познатиот бренд на автомобили БМВ, но малкумина знаат какво е скриеното значење на неговото лого. Кружното сино-бело лого на BMW или roundel настанало од кружното лого на компанијата Rapp Motorenwerke (производител на германски воени авиомотори) и оттогаш се развива и комбинира сината и белата боја кои ги претставуваат боите на баварското знаме. Логото на BMW што се користи и денес е создадено во 1917 година, а претрпело минимални промени со текот на годините, особено во фонтот.
Кружното лого прикажува пропелер на авион во движење додека сината боја го симболизира небото, така што белите перки го пресекуваат на синото небо.
- Canon
Првичното оригинално лого на Канон е толку атипично и ја отсликува будистичката божица на милоста што седи во лотосов цвет и опкружена со пламен. Следното лого го следи името на линијата “Kwanon” како што тогаш се нарекувал овој бренд. Името подоцна е сменето во Канон, а следствено на тоа се менува и логото во неговата сегашна форма – испишано во црвена боја.
- Coca-Cola
Кока Кола е една од компаниите чие лого има долга историја. Наспроти повеќето идеи за нејзиното лого, неговата прва верзија во 1886 година не беше напишана во неговиот тековен фонт. Подоцна, Кока Кола започна со користење на познатиот фонт попознат како Спенсериан скрипт (англиски: Spenserian script) кој бил создаден во средината на 19 век и бил доминантна форма на ракопис во САД во овој период. Со исклучок на една промена во изгледот на логото во 1985 година, сите останати дизајни на логоа на овај бренд се придржуваат кон овој препознатлив стил.
- Fiat
Оригиналното првобитно лого на Фиат претставува кожна лента на која се напишани деталите на компанијата. Неколку години подоцна, Фиат излезе со многу подобро лого, кое веќе ја покажува уникатноста и типичниот изглед на фонтот. Првите логоа се во винтиџ стил и многу подетални, но веројатно модерниот изглед на логото е поубедлив од маркетиншка гледна точка.
- GAP
Сите бевме изненадени кога во 2010 година GAP го промени своето класично сино лого. Новото лого било меѓу неколкуте предложени од страна на агенцијата Laird&Partners по “изборот меѓу три компании”. Сепак, поради негативните коментари на новото лого, во 2011 GAP беше принуден да се повлече и да го отфрли своето ново лого откако фановите го подигнаа својот глaс.
Бил Чендлер, портпарол на Gap, призна дека промената на логото била “премногу и направена премногу брзо”. Gap сè уште го користи своето оригинално лого, со елегантни сериф букви кои сè уште постојат.
Приказната за нашиот добро познат Гугл започна во 1996 година, како проект на универзитетот Стенфорд под кодното име “Black Rub”, но многу брзо го смени своето име во Google. Името Google претставува игра на зборови, т.е. тоа е изведено од зборот „гугол“ (googol) – математички термин за број, претставен со единица и 100 нули. Поради популарноста на пребарувачката машина, во англискиот јазик се појавил неологизмот to google или to Google, што значи „пребарување на Google за наоѓање на информации на Интернет“.
Идејата беше да се покаже огромниот потенцијал на пребарувачот кој може да обработи голем број податоци. Оригиналната верзија на логото беше видлива само на серверите на универзитетот Стенфорд. Во 1998 година, Сергеј Брин создаде компјутерско лого со текст користејќи го тогашниот графички софтвер Gimp.
Официјалното лого е креирано од Рут Кедар и е типографска трговска марка заснована на фонтот Catull – ова е стар серифен фонт, создаден за стилот на фонтот Berthold Type. Неговата последна верзија за 2013 година е рамното лого, со отстранување на неговите 3D ефекти. Компанијата вклучува бесконечно многу варијации на своето лого, за време на празници, родендени на познати личности и важни настани. Овие варијации се според дизајнот на Денис Хванг и се познати по името: Google Doodles.
- IBM
Обединувањето на логоата на двете компании вклучени во управувањето: “International Time Recording Company” и “Computing Scale Company” го формираа првото лого на IBM во 1911 година. Во 1947 година беше создадено популарното типографско лого. После неколку измени и конечна промена во 1972 година, IBM конечно се реши на сегашното лого во сина боја.