Во последните неколку години, социјалните мрежи еволуираа и може да се каже дека созреаа, но пред се`, тие започнаа да им даваат на корисниците пооригинална и поавтентична содржина. Во промоцијата на серии и филмски програми се оди чекор подалеку, затоа што задачата е да се раскаже приказна за приказната … Звучи лесно … но не е баш така зад сцената.
Серијата Беса, која ги освои гледачитее низ целиот регион и беше прогласена за најдобра серија во Србија, својот живот успешно го започна на телевизиската платформа SuperstarTV mts пред една година и ги заинтригира гледачите да гледаат премиум содржина преку нов канал. Серијата постави нови стандарди на пазарот, како во креирањето на содржини, врвна продукција, ангажирање за прв пат на британски сценарист кој работеше со локален тим на сценариото, така и во сегментот на комуникацијата.
„Покрај стандардната задача за привлекување гледачи и борба против пиратеријата, тука имавме и дополнителен предизвик, што беше нешто ново на нашиот пазар, а тоа е промоција на содржини за платформи и free TV, со вклучена пауза помеѓу емитувањата”, вели Марија Вичиќ, Communications Director I&F Grupа, која заедно со креативниот тим на агенцијата McCann Белград работеше на креирање на визуелниот идентитет и плакатите и соработуваше со екипата на серијалот и тимот на дигиталната агенција Drive на промоција на серијата Беса, и додава: “Со емитување на free TV, нашата цел беше освојување на гледачите кои не ја гледаа серијата и освежување на спомените на оние што веќе ја гледаа, за да ја гледаат повторно. Кога ќе засакате некоја серија нема ништо подобро од тоа да го утврдите градивото“.
Тука на сцена настапуваат Арсеније, Немања, Милица и Никола – тимот на дигиталната агенција Drive кој креираше содржина за гледачите и љубителите на серијата, која ги надминува веќе воспоставените формати.
Арсеније Ивановиќ, специјалист за социјални медиуми, ни раскажа што стои зад сцената на не толку едноставна задача: „Од поставувањето на стратегијата, нашата цел беше да создадеме што поголема интеракција со фановите. Стандардните прашања „Кога ќе има втора сезона?“ да ги претвориме во “Давам беса дека нема да гледам ниту една друга серија додека не излезе новата сезона!“ – и тоа беше она во што успеавме “.
За промоција на серијата Беса, направени се голем број на активности што за прв пат се реазлизираат кај нас, од првото гледање на епизодите во реално време со актерите преку Фејсбук и Инстаграм, за кои Арсение вели: „Иако зад камерите комунициравме со пантомима, новиот формат на гледање на епозодите во живо, доби одлични реакции од фановите кои веќе следниот понеделник прашаа: „Каде се Раша и Милош, кога повторно заедно ќе гледаме некоја епизода?“, до првиот Blu-ray формат на Instagram- feed. „Идејата беше да се преведе Blu-ray, како нешто што е аналогно, во дигитален формат на кој корисниците ќе се вратат. Како и кај регуларниот Blu-ray DVD на една серија, на нашиот Инстаграм профил корисниците сега можат да најдат интересна, иновативна содржина – booklet со интересни информации, снимки “behind the scenes”, аудио коментари и уште многу повеќе“, додава тој Немања Остојиќ, копирајтер во агенцијата Drive.
Раскажувањето на визуелно атрактивен и интерактивен начин со потенцијалните гледачи или веќе создадени фанови на серијата, а преку откривање на дел по дел од приказната, бара многу подготовка. „Feed-овите на Инстаграм се најчесто безлични и функционираат само кога се гледаат како целина. За овај проект секоја објава од feed-от е епизода за себе. Постовите станаа интервјуа, трејлери, извадоци од серијалот, некои станаа дигитализирана верзија на Blu-ray booklet и што е најважно, сите ги следи различна приказна“, вели Милица Зељковиќ, Senior Designer. Содржини има во изобилство, што на телевизија или на платформите, како и во нашето локално опкружување, доведува до тоа да е исклучително значаен начинот како да се дојде до гледачите. „Серијата има широка публика, затоа им пристапивме на фановите на различни начини. Следејќи ја од недела во недела гледаноста на серијата и анализирајќи ги разликите во гледањето од различни групи гледачи, ја прилагодивме кампањата на тековните потреби“, вели Никола Димитровиќ, Account Supervisor и додава: “Со развојот на ликовите и пред се` нивните трагични судбини, Беса предизвика голема емпатија и разбирање од страна на гледачите, така што имаше голема интеракција во текот на целиот период на кампањата “.
Со интересна содржина и разни интерактивни формати, во текот на емитувањето на финалната епизода на само еден IG story question, добиени се повеќе од 450 одговори од фановите, со кои Арсеније во живо ги коментираше настаните и целосно неочекуваните пресврти. Реакциите биле: „WOW 😮“! „Прекрасно е да се види дека одличните коментари за серијата се совпаѓаат со реакциите за дигиталната кампања која ја направивме, а посебно задоволство е да се работи на проект каде и вие самите станувате фан на серијата и не можете да ја дочекате втората сезона!“, заклучува Арсеније и ви порачува да ја следите Инстаграм страницата на Беса затоа што наскоро ве очекуваат повеќе информации.