Некој неумешно ќе рече: “сите печатени медиуми изумреа”….не, тоа не е вистина, изумреа само оние што не знаеја како да се трансформираат! Не сакаа да ги следат истражувањата, не веруваа во тврдењата на стручњаците, не сакаа да ангажираат консултанти, сериозни дигитални агенции и нов кадар што може да ги следи тие промени. Тие се сега “капут”, другиве продолжија да си газат и сега се повлијателни и побогати од било кога.
На пример New York Times. Тие во 2019 добијле околу милион нови претплатници само на своето интернет издание. Тоа почнаа да го продаваат на претплата уште во 2011.
Овој дневник сега има вкупно околу 3,4 милиони претплатници само за своето интернет издание и уште 900,000 за печатеното издание. Останатите претплатници им се на дополнителните специјализирани изданија, како што е на пример платформата за готвење (NYT cooking) и крстозборки (NYT Crossword).
Цел на овај медиум е да достинге бројка од 10,000,000 претплатници до 2025, од кои 2 планираат да им бидат во странство. Истовремено тие објавија и дека се горди што успеале да ја достигнат целта од 800 милиони долари обрт за интернет изданието, една година пред планот.