(РЕГИОН) – ИАБ Србија, здружението за поддршка на развојот на дигиталниот и интерактивен адвертајзинг во Србија, во текот на вчерашниот ден во “Домот на младоста“ во Белград, ја организираше четвртата по ред стручна конференција Digital Day.
Оваа година во фокусот на конференцијата беше онлајн комуницирањето преку социјалните мрежи.
Настанот беше отворен од од Владимир Аранџеловиќ, претседателот на Управниот одбор на ИАБ Србија и медиа менаџер во агенцијата Direct Media, кој ги претстави резултатите од најновото Mind Take истражување.
Во 2013 година во Србија е забележан пораст на интернет пенетрацијата од 6% и пораст на инвестициите во онлајн огласување од 13% при што е достигната бројката од 15,8 милиони евра. Исто така, забележлив е и растот на употребата на мобилни уреди, таблети и смартфонови за пристап кон интернет.
На најпопуларната социјална мрежа Фејсбук, од десктоп компјутер пристапуваат 48% од корисниците во Србија, со мобилен телефон и таблет 8%, а 38% од нив користат и десктоп PC и мобилни уреди за таа намена.
Во однос на Твитер, од десктоп компјутер твитаат 14% од испитаниците, од мобилни уреди 7%, а од уреди од обата вида 10% од корисниците на Твитер.
Само 6% од испитаниците во Србија рекле дека не користат Фејсбук, за разлика од 68% кои одговориле дека не користат Твитер.
Ионел Нафтанаила, директорот за технологии и бизнис на ИАБ Европа, во своето излагање зборуваше за регулацијата на дигиталниот пазар на Европа и за прашањата поврзани со приватноста на корисниците. Тој го изнесе податокот, според кој дури 37% од испитаниците во нивните AdEx истражувања на овие теми изјавлие дека не користат сервиси за лоцирање бидејќи се плашат за нивната приватност.
Тој исто така обелодени дека интерактивното огласување во САД според нивните истражувања и проценки, минатата година изнесувало 42,8 милијарди долари што знач дека за прв пат е вложено повеќе во однос на broadcasting TV огласувањето (пресметаната сума за broadcasting TV е без сумата за огласување во кабелските тв).
Според зборовите на Емил валовски од Гемиус, интернет пенетрацијата и сообраќајот на мобилните уреди во регионот на Централна и Источна Европа наголемо расте, при што како најразвиен пазар ја спомена Чешка со 96% интернет пенетрација.
Тимотеј Гала од Хттпоол, зборуваше за programmatic огласување, односно автоматизација на процесот на закуп на дигиталниот адвертајзинг простор, кој прилично го олеснува медиа планиррањето додека пак Викторија Григориан од Микрософт Адвертајзинг говореше за огласувањето на Скајп кој во моментов опслужува околу 340 милиони активни корисници.
Се на се еден одличен настан која направи еден пресек на актуелните трендови во online огласувањето и понуди одлични статистики и информации за предвидување на идните.
Извор: Маркетинг Мрежа