За да го одбележи пристигнувањето на серијата Дракула на екраните на БиБиСи, тимот на БиБиСи Криејтив креираше застрашувачки билборди преку игра на сенки и копја.
Јасно е дека секоја нова содржина бара рекламирање, па така е и со новите серии. И додека обичните билборди генерално се врвот на повеќето кампањи, маркетинг-експертите задолжени за рекламирање на Дракула отидоа подалеку над тоа и понудија реклама на која ретко кој може да остане рамнодушен.
Серијата Дракула премиерно беше прикажана за Нова година и за таа цел, БиБиСи Криејтив креираше креативен билборд кој станува забележителен како што заоѓа сонцето. Исто како што вампирите се појавуваат само во текот на ноќта, нема никаква трага од Дракула додека сонцето сјае. A штом падне ноќта, неговата злобна сенка се појавува низ билбордот.
Заради заштита од него, подолу има и стаклена кутија на која пишува „Во случај на вампири, скрши го стаклото“. Што има внатре? Зашилен колец, се разбира.
После оваа реклама, серијата сигурно ќе ја гледаат и оние што можеби и не би ја гледале, што е и целта на секоја успешна кампања.