Најголемиот политички и економски настан во светот “Светскиот Економски Форум” во Давос заврши во петокот.
На претпоследниот ден се одржа и технолошкиот парк во склопот на форумот, каде спикер на панелот за жени претприемачи беше и македонката Аријана Коскарова основач на центарот “Creative Hub” во Скопје и Приштина кој оваа година се најде на листата на Форбес под 30 и е воедно и организатор на “Балкански претприемачки самит”.
Коскарова доби и награда за успешна жена претприемачка во фин-тех индустријата.
Покрај ова, Коскарова е и автор на финтек апликација со успешен екзит во Хонг Конг, како и член во бордот на две блокчејн компании од Монако и Лондон, а до крајот на годината токму во соработка со блокчејн компанијата Модекс го отвора и хабот Блокчејн Македонија.
“Особено ми е драго што најпрво Македонија имаше спикер на Технолошкиот Парк во склоп на Светскиот Економски Форум. Покрај најуспешните луѓе во светот имате и млади претприемачи жени од Македонија што е доволен пример дека ние го менуваме светот. На Форумот зборувавме за женска економија, за интегрирање на жената во бизнис светот, за поддршката меѓусебна преку асоцијации, мрежи на контакти, за формирање на фондови каде жени инвестираат во жени, а истиот ден токму од Давос, најголемата банка Голдман Сакс најави дека нема да инвестира во компании доколку во бордовите нема ниту една жена.
“Како жени мораме меѓусебно да си помагаме, да учиме од примерите, да бидеме подобри и да помагаме и на други да развијат претприемачки кариери.Јас се надевам дека мојот успех ќе биде доволен мотив за сите, во иднина Македонија да има уште повеќе спикери на најголемиот политички и економски форум во светот, заота што само така ќе можеме да направиме разлика и успех на нашата земја” рече помеѓу другото Аријана Коскарова на Светскиот Економски Форум во Давос.