Личниот простор не е смешна работа во Финска. Кога Финците ги чекаат своите автобуси на постојка, луѓето обично се распрснуваат колку што е можно пошироко и подалеку едни од други, избегнувајќи меѓусебна интеракција.
Оваа нивна карактеристика беше инспирација за автомобилскиот бренд Нисан кој ги искористи сцените на автобуските постојки за да ја истакне автоматската контрола на далечина на нивните автомобили што го регулира безбедното растојание на патот.
Во рекламите се вели: “Автоматска контрола на далечина. Одобрено од Финците.”
Кампањата е дело на агенцијата TBWA од Хелсинки.
„Од година во година, Нисан е еден од најпродаваните автомобилски брендови во Финска. Сакаме да го негуваме и подобриме овој однос преку кампањи што се засноваат на локални сознанија. Луѓето кои стојат на автобуската станица совршено ја претставуваат безбедносната карактеристика на автомобилите на Nissan. Двете контролни растојанија се автоматски. Оваа секојдневна ситуација е нешто со што можат да се идентификуваат сите Финци“, изјави креативниот директор на агенцијата TBWA/Хелсинки, Ерно Реикаинен.