Креативната агенција ББДО Загреб (BBDO Zagreb) во соработка со VAL Продукција и под палката на режисерот Бруно Анковиќ ја претставија новата одлична реклама за Ожујско пиво во пресрет на Светското фудбалско првенство во Бразил.
За само два дена, англиската верзија на рекламата е прегледана преку 100.000 пати на YouTube, освојувајќи ги срцата на многу фудбалски и маркетинг вљубеници ширум светот кои досега ја имаат споделено преку 10000 пати.
Рекламата доби многу позитивни критики на повеќе спортски и маркетинг портали кои ја оценуваат како една од најдобрите со ваква тематика предвидувајќи и голема виралност до почетокот на Светското првенство и потоа.