За време на овогодишниот Супербоул видовме многу реклами – некои добри, некои лоши, но сите без исклучок претерано скапи.
Но, како и да е, компанијата „Mint Mobile“ чиј нов сопственик е актерот Рајан Рејнолдс, реши подобро да ги искористи своите пари, затоа што оваа година, сите оние кои сакаа нивната реклама да се појави за време на Супербоул натпрварот помеѓу Сан Франциско и Канзас Сити и тоа за само 30 секунди, мораат да платат неверојатни 5,6 милиони долари.
Според рекламата која оваа компанија одлучи да ја објави преку цела страница на Њујорк Тајмс, Mint Mobile за време на Супербоул на своите корисници им даде специјална понуда која ќе им донесе погодности во користењето на услугата, наместо да плаќа прескапи рекламни секунди на ТВ.
Понудата траела само за време на натпреварот!
Everyone’s buying ads so I bought one too. Not on TV. In the @nytimes. #classy https://t.co/LGeai4oxI6 pic.twitter.com/xuBdfIvFuI
— Ryan Reynolds (@VancityReynolds) January 29, 2020