Од следната година ќе бида забрането конзумирање на цигари во возила ако во нив се наоѓаат малолетници
Белгија воведува забрана за рекламирање на сите производи од тутун од почетокот на следната година, јавува Anadolia.
Белгискиот телевизиски канал ВРТ објави дека одлуката е донесена во парламентот.
Според решението, од јануари 2021 година ќе биде забрането рекламирање на производи од тутун пред и во продавниците.
Во исто време, ќе биде забрането консумирање цигари во возила, доколку во нив има малолетни лица.
Таа забрана постои и денес, но важи за лица помлади 16 години, а не до 18 години.
Се вели дека одлуката е донесена за да се намали конзумацијата на цигари, кои се една од главните причини за рак на белите дробови.
Неодамна во Белгија беше издадена забрана за купување тутунски производи за лица под 18 години, додека пред тоа забраната се однесуваше на деца под 16 години.