Challenger, првата македонска мобилна апликација која сака да направи регионално влијание преку наградување на луѓето кои што пешачат или се движат со нивниот велосипед по локалните улици.
Факт е дека живееме во најзагадениот град во Европа. Сите се повикуваат дека треба да се пронајде решение за аерозагадувањето, па така тимот на Challenger одлучува да биде дел од тоа решение – а не дел од проблемот. Со Challenger, секој поминат километар пешки или на велосипед – се брои, на принципот колку повеќе километри, толку повеќе Challenger поени кои ти носат попусти и награди. Тимот на Challenger смета дека преку меѓусебно натпреварување и мотивирање се создава и гради – од граѓаните за граѓаните подобро општество и животна средина.
Преку апликацијата Challenger можеш да станеш вистински СУПЕР ХЕРОЈ благодарение на твоите зелени километри, кои намалуваат стотици отпадни гасови во воздухот што сите ги дишеме. Дознај повеќе како фунцкционира оваа аплицација тука.
Апликацијата е моментално во првата тест фаза со своите први 100 корисници, и за многу кратко се отвара и втората фаза во која ќе учествуваат 2000 корисници. Mоментално имаме соработка со преку 10 бизниси (Театар Комедија, Crux, TrafikaCoffee Shop, Freshys, Domino’s pizza, Вело кафе, AvAv Happy Dog и др.) За да се вклучите во тест фазата оставете го вашиот е-маил од Play Store тука. Во моментот апликациајта е само за Андроид оперативните системи, додека верзијата за иос е во изработка.
Младите ентузијасти Теодора, Олга, Стефан и Митко, со својата бизнис идеја се едни од победниците на регионалниот натпревар Philanthropy for Green Ideas на кој, во конкуренција со националните победници од Албанија, Босна и Херцеговина, Грција, Косово, Србија и Црна Гора се натпреваруваа и македонските национални победници на АРНО натпреварот за зелени бизнис идеи.