Како што пренесува AdAge, Кока-Кола го промени начинот по кој одсега ќе ги плаќа бонусите и плаќањата кон агенциите, при што ќе стимулира проекти кои се нови и револуционерни.
Како што изјави Сара Армстронг, светската директорка на Кока-Кола за соработка со огласувачки агенции: “Компанијата ќе го примени правилото “70-20-10“ сеуште нудејќи стандардна компензација врз основа на учинокот за 70% од работата која агенциите обично ја извршуваат. Компанијата освем тоа, нуди и гарантиран минимален бонус од 20% за проектите означени како “напредни“ или 10% за проектите со кои агенциите се соочуваат за прв пат. Плус тоа Кока-Кола ќе понуди и можност за заработка на дополнителни 5% на гарантираниот минимум во новата бонус структура на Кока-Кола “.
Обновениот систем е трето прилагодување на програмата за компензација која се засова на учинок, а која за прв пат е усвоена во 2009 година. Според овој план. агенциите добиваат загарантирана минимална надохнада заснована на “вредноста“ на секој од проектите кои компанијата ги стартува. После минимумот, секога агенција може да освои бонус, во износ до 30% над тоа, на основа на исполнувањето на повеќе различни критериуми.
За новите или извонредни проекти тој бонус сега може да изнесува од 17,65% до дури 22,65%. Дури и по стариот систем, агенциите во просек поминуваа прилично добро.
Агенциите со кои соработува Кока-Кола во минатогодишните проекти во просек заработувале бонус од 18,3%, бројка која е пониска од 19,3% остварени во 2012, но повисока од онаа во 2009 (17,6%). Медиските агенции поминаа и подобро, факт што Армстронг го препиша на тоа, како што вели, “подисциплинираните операции“ кои ги изведуваат.
Како што дополни Г-ѓа Армстронг : “целта не е да се смалат плаќањата кон агенциите туку да се зголеми нивниот учинокот во проектите“