(РЕГИОН) – Друштвото за маркетинг на Словенија во периодот 2020-2023 ќе го предводи нов Управен одбор во состав: Петра Чадеж, Алеш Фалатов, Маруша Грах, Ловро Груден, Леа Липовшек, Наташа Сернц, Јернеј Смисл, Мартин Стариха и Петер Видмар, пренесува словенечки Маркетинг Магазин.
Со ова заврши мандатот на досегашниот претседател др. Митја Пирц, кој во иднина ќе заземе место во надзорниот одбор, кој истовремено беше проширен од 3-член на 5-член одбор.
Покрај Пирц, нови членови на Надзорниот одбор ќе биде и Александра Крегар Брус. Другите три члена на Надзорниот одбор се Тони Балажич, Енцо Смрекар и Романа Дерновшек.