Скандинавската авиокомпанија SAS ја повлече рекламата во која скандинавската култура е прогласена за позајмена, а рекламата е отстранета по бурната реакција од јавноста.
Рекламтата која е објавена на почетокот на оваа недела почнува така што се наведува дека ништо не е “вистински скандинавско“, проследено со листа на работи со кои се гордеат луѓето во Данска, Норвешка и Шведска, почнувајќи од електрани, велосипеди, родителски права и демократија, за кои се укажува дека се „копирани“. Па дури се наведува дека и познатите шведски ќофтиња потекнуваат од Турција..
Овој став требаше да пренесе позитивна порака, имено дека сите скандинавски работи потекнувале од други нации и дека е усвоено се што е добро.
Во продолжение погледнете ја рекламата: