Што би направиле доколку некој Ви каже дека вашето ВРЕМЕ ЗА ПОБЕДА доаѓа? Најверојатно, ќе прашате кога и каде. Доколку доаѓате од креативната индустрија, одговорот е јасен – од 15 до 17 април во Минкс – датумот и местото на 12-то издание на меѓународниот адвертајзинг фестивал White Square.
Овој награден креативен настан држи висока позиција на фестивалската ранг-листа во Источна Европа и има репутација за еден вид „отскочна даска“ кон успехот за талентираните адвертајзери и вклучува бројни добро познати имиња, агенции и проекти во светот на комуникациите. Отворајќи ја фестивалската година во Европа и посакувајќи добредојде на вистински ѕвезди од глобалната индустрија со „тони“ престижни награди позади нивното име како членови на професионалното жири, White Square го дава првиот вкус на меѓународна слава на најдобрите кампањи создадени од големите агенциски мрежи, како и од помалите независни агенции. Победниците на фестивалот секоја година се промовираат во преку 30 медиуми од индустријата на Западна и Источна Европа, вклучувајќи ги и marketing365.mk, marketingdirecto.com, adforum.com, iqads.ro итн.
Овај феставал е препознат како еден од Европските креативни настани кои мора да се видат и посетат од страна на голем број познати и наградувани личности, како Матијас Харбек од Serviceplan Germany, Евгениј Примаченко од Wieden+Kennedy Amsterdam, Малек Горјаеб од Leo Burnett Beirut, Вики Гито од ADCI, Хуан Гарсија-Ескудеро од Leo Burnett Madrid, Нуно Хејронимо од O Escritorio, Тристан Махерел од Landor Europe и многу други. White Square веќе подолго време служи како креативен хаб кој на адвертајзинг професионалците им ја нуди можноста да се запознаат со најбистрите креативни умови од преку 30 држави, да разменат креативни идеи и да бидат инспирирани од уникатни креативни дела од сѐ уште непознати региони, да ги истражат најновите трендови и најветувачки реклами од целиот свет на самиот старт од новата креативна сезона.
Дел од овогодинешното жири на White Square се:
Повикот за пријавување на кампањи за White Square 2020 е веќе отворен и ќе трае до 27 март. Начинот на пријавување е лесен и едноставен, целосно онлајн, на официјалниот веб-сајт adfest.by. Постојат само три едноставни чекори на патот до собата за жирирање:
- Да се регистрирате и логирате на официјални веб-сајт adfest.by и да пополните некои основни информации;
- Да ја изберете најсоодветната категорија и под-категорија:
- CREATIVE: Film, Print, Radio & Audio, Outdoor, Integrated, Branded Content and Entertainment;
- BRANDING: Communication Design, Packaging Design, Digital & Interactive Design;
- MARKETING: Brand Experience & Activation, PR, Direct, Innovations;
- CREATIVE EFFECTIVENESS;
- MEDIA: Channels, Excellence in Media, Media Campaign;
- DIGITAL: Digital, Mobile, Creative Data;
- CHANGE FOR GOOD.
- Да ги подготвите и прикачите вашите креативни делa преку вашиот личен профил.
Добра вест е дека учесниците кои ќе поднесат пет или повеќе пријави до White Square 2020 ќе добијат целосна котизација за сите настани од едукациската и културна програма на фестивалот. Бизнис и едукациската програма ќе се одржува континуирано во текот на сите три денови на 15, 16 и 17 април и ќе вклучува преку 70 предавања и дебатни панели посветени на креативните трендови во комуникациите, маркетингот, брендингот, дигитал и медиа, на кои ќе учествуваат голем број на ѕвезди на глобалната адвертајзинг индустрија.
Минск и Белорусија се отворени за граѓаните на Македонија, нема потреба од виза, а веќе се достапни сместувачки капацитети кои нудат оригинално патувачко искуство исполенто со високотехнолошки и ИТ иновации и автентични остатоци од традиционалниот, локален стил на живот, базиран во мала и живописна држава која се наоѓа скоро во самото срце на Европа, исполнета со зелени шуми, сини езера и пријателски настроени домаќини.
Подетални информации за фестивалот White Square и неговата програма може да се најдат на официјалниот веб-сајт adfest.by. За учество во натпреварувачкиот дел до настанот може да се обратите и до Директоратот на Фестивалот – Асоцијацијата на комуникациски и маркетинг агенции на Белорусија (association.by), преку електронската пошта: konkurs@adfest.by; односно за учество во бизнис и едукациската програма, преку: info@adfest.by.