Компанијата која поседува голем број на брендови, како што се сладоледите Twister и Popsicle, изјави дека ќе ја ограничи употребата на ликовите од цртаните филмови во своите реклами. Таа исто така, вети дека ќе престане да ангажира ѕвезди на социјалните мрежи и познати личности чија целна група првенствено се деца помлади од 12 години
Новите правила ќе се применуваат за сите производи на Унилевер до крајот на 2020 година, започнувајќи со брендот за сладолед Wall’s. Овој бренд исто така ќе лансира нова линија на „одговорно изработени“ производи за деца, кои нема да содржат повеќе од 110 калории и 12 грама шеќер по порција. Wall’s вклучува брендови кои се популарни кај децата, како што се Max, Paddle Pop и Twister.
Унилевер, чие портфолио вклучува повеќе од 400 брендови, генерално има репутација на една од водечките компании во светот кога станува збор за одржлив развој. Исто така, има одговорна маркетинг политика за деца од 2003 година. Новите правила ќе наметнат строга контрола врз пласманот на реклами во филмовите и неприкажување реклами на деца до 12 години во традиционалните медиуми, односно на помлади од 13 години на социјалните медиуми.
Во 2016 година, 18 проценти од светската популација на деца и адолесценти или повеќе од 340 милиони луѓе на возраст меѓу 5 и 19 години, беше етикетирана како дебела, што е повеќе од трипати во однос на стапката на дебелина во 1975 година, според податоците на Светската здравствена организација. СЗО исто така изјави дека не постои сомнеж дека рекламирањето на нездрава храна е директно поврзано со проблемот на дебелината и им препорачува на владите да го ограничат опсегот на ваквите реклами.
„Ветуваме дека навистина ќе се заложиме за тоа нашите производи да бидат направени и означувани како безбедни за децата“, рече Мет Клус, извршен потпретседател на глобалната индустрија за сладолед во Унилевер.
Велика Британија, Чиле, Мексико и Ирска веќе имплемантираа построги правила за реклами наменети за деца во текот на изминатата деценија. Сепак, проблемот продолжува. Во текот на 2018 година, Cadbury, Chewits и Squashies станаа првите компании чии реклами на интернет беа прекинати поради новите правила кои се однесуваат на рекламирањето на нездрава храна на децата во Велика Британија.
Во минатато, дел од рекламите на Унилевер беа повлечени, по поплаките дека сакаат да продаваат нездрава храна на децата. Во текот на 2016 година, рекламата на „Унилевер“ за сладоледот „Paddle Pop“ беше повлечена во Австралија поради поплаки дека ги охрабрувала децата да јадат нездрава храна. Исто така, Унилевер претходно се обврза дека ќе ги направи своите реклами помалку сексистички, под закана дека нивните реклами на Facebook и YouTube ќе бидат повлечени доколку не се придржуваат кон политиките на овие платформи.