Сите ние кои ги сакаме часовниците често знаеме да се најдеме во ситуација да се заљубиме во некој модел – неговиот дизајн, функциите, па дури и некој мал детаљ кој ја плени нашата фантазија. Се замислуваме како го носиме на нашата рака, како ќе изгледа со различни комбинации на облека и аксесоари, како ќе ја рефлектира светлината – за потоа тој наш „филм“ да се скрши кога ќе откриеме дека часовникот е далеку над цената која сме во можност да ја платиме за него.
Но, кој бара – ќе најде. Во продолжение Ви претставуваме пет часовници од светски познати брендови кои имаат прифатлива цена и може да го најдат своето место во вашата колекција. Најдоброто е што сите овие светски брендови може да се најдат и кај нас во Македонија во широката мрежа на продавниците на “Божиновски часовници и накит” кои се единствениот застапник на топ светските часовничарски брендови.
- SWATCH SISTEM51 SISTEM BOREAL (YIS401G)
Почнуваме од најефтиниот. На прв поглед ќе претпоставите дека Sistem51 е уште еден обичен кварцен часовник од Swatch. Но, штом го завртите и погледнете од позади, ќе видите дека во полираното челично куќиште е сместен автоматски механизам составен од само 51 компонента. Поради таа причина, Sistem51 заслужува пофалба. Секако дека може да купите и поевтин механички часовник од Кина, но овој Swatch е произведен во Швајцарија и има 90-часовна резерва на енергија. Со својот дизајн инспириран од поморските компаси, Sistem Boreal е наутичкиот партнер кој ќе ви служи долги години.
Цена: 150 – 200 евра.
- HAMILTON KHAKI FIELD AUTO (H70555533)
Hamilton е историски бренд кога е во прашање часовничарството, основан уште 1892 година во САД. Можеби најиконичниот дизајн кој го нуди на фановите е секако теренскиот Khaki Field Auto. Неговото челично куќиште е дом на автоматскиот калибар H-10, кој носи 80-часовна резерва на енергија. Неговото кафеаво кожно ремче совршено го надополнува елегантниот дизајн на црниот дисплеј. Ова е часовникот кој што сакате да го имате кога планинарите, кампувате или пак едноставно навигирате во урбаната џунгла на нашето секојдневие.
Цена: 440 – 520 евра.
- TISSOT SEASTAR 1000 POWERMATIC 80 (T1204071105100)
Tissot Seastar 1000 со својата водоотпорност до притисок од 30 бари (300 метри длабочина) и унидирекционален керамички прстен е олицетворението на одличен нуркачки часовник. Куќиштето и нараквицата се направени од нерѓосувачки челик, а во внатрешноста се наоѓа оригинален швајцарски автоматски механизам. Со својот класичен нуркачки дизајн, ова е часовник кој заслужува да биде дел од секоја колекција.
Цена: 620 – 670 евра.
- LONGINES CONQUEST 41MM AUTOMATIC WATCH (L3.777.4.99.6)
Longines е еден од најстарите часовничарски брендови во светот, основан од мајсторот Аугуст Агасиз во швајцарскиот град Сент Имер во 1832 година. Самиот факт што можете да купите часовник со релативно прифатлива цена од овој бренд е навистина неверојатно. Моделот Conquest има челично куќиште кое е водоотпорно до 300 метри длабочина, а во неговата внатрешност се наоѓа автоматскиот механизам L888 со 64-часовна резерва на енергија. Часовникот има прекрасен дисплеј во хипнотичка сина боја со сребрен бројчаник и стрелки.
Цена: 1000 – 1100 евра.
- TAG HEUER FORMULA 1 QUARTZ (CAZ101K.BA0842)
Единствениот кварцен часовник на нашата листа, но сепак Tag Heuer. Разумен компромис. Моделот Formula 1 има 43-милиметарско челично куќиште водоотпорно до 200 метри и сафирен кристал кој го штити хронографскиот дисплеј. Ова е хронограф за секој горд фан на Формула 1 и воопшто за љубителите на спортски часовници.
Цена: 1400-1500 евра.
Сите овие часовници, како и останатите модели од споменатите брендови може да се купат во Македонија преку ексклузивните продавници на Божиновски часовници и накит.