Познатиот шведски ланец Икеа во Дубаи воведува можност за плаќање со времето кое купувачот го потрошил за да стигне до продажниот објект
Иако на прв поглед се чини дека производите се добиваат за џабе, ситуацијата е сепак нешто поинаква. Колку повеќе време треба да стигнете до продавницата на Икеа, толку повеќе ќе можете да купите, пренесува Форбс.
“Купувајте со свето време“ (Buy With Your Time) е пораката која шведскиот ланец ја испраќа на светот, најпрво од Дубаи. Сè што треба да направите е да им ја покажете на касиерите историјата на вашето движење на телефонот забележана од апликацијата Google Map. Тоа ќе биде доказ за колку време поминувате патувајќи до продавницата.
И покрај тоа што оваа новина се однесува исклучиво на Икеа во Дубаи, тоа е потег што широко ја отвора вратата кон важни и радикални промени кога станува збор за купувањето и односот на потрошувачите кон брендовите.
Новиот начин на плаќање се воведува истовремено со отворањето на новата продавница на Икеа во Џабел Али, област во Дубаи прилично оддалечена од центарот на градот. Нема сомнение дека поради новата „монета“, поверојатно е дека купувачите почесто ќе доаѓаат во Икеа, ќе поминат повеќе време во продавницата, а со самото тоа и ќе купуваат повеќе.
Идејата зад овој потег е потрошувачите да поминат бесконечно време за да стигнат до продажните објекти на Икеа затоа што најчесто се наоѓаат на самиот крај на градот. Според тоа, воведена е цена за секој производ во „временска монета“, чија вредност е формирана врз основа на просечните приходи во Дубаи.
На тој начин, освен во дирхами, потрошувачите во Дубаи можат да плаќаат со вкупното време кое го потрошиле во Икеа.
„Пред да започнеме со кампањата, сфативме две работи: времето е драгоцено денес, а купувачите трошат сериозно време за да дојдат до нашите продавници, кои понекогаш се далеку од центарот на градот“, наведуваат од Икеи Дубаи, потенцирајќи зошто е важно да ги наградувате потрошувачите и да им се оддолжувате.
Иако можноста за вршење такви плаќања се чини идеална, оваа поволност има и друга страна: ако сакате да го наплатите времето што го поминувате доаѓајќи до продавницата, ќе треба да бидете подготвени да ги предадете на Икеа податоците за вашето движење.
Со други зборови, посочува Форбс, тоа е начин да се направи понормална идејата дека е во ред да дозволиме да се следи нашето движење сè додека нешто добиваме „џабе“.